Ковачевски: Уставни измени или изолација!?

„Ако не се случат уставните измени ќе имаме изолација како таа од 2006 до 2016 та- година“, предупреди премиерот Димитар Ковачевски по одржувањето на Самитот во Молдавија изјави дека една од темите била и проширувањето на Европската Унија.



Тој е убеден дека уставни измени ќе има.

„Дали сум оптимист – јас сум рационален оптимист, верувам во целта и работам на тоа таа цел да се оствари. Што ако не се случат уставните измени? Ако не се случат уставните измени ќе го имаме тоа што го имавме од 2006 до 2016 година.

Наместо интеграција ќе имаме изолација, а видовме како изгледа изолација. Без инфраструктура, заробена држава, за слобода на медиуми бевме на 130 место сега сме 38 место во светот, владеење на право окарактеризирани како хибриден режим а сега за една година 19 места скок, еве вие сте медиуми и никој не ви кажува што да прашате, нити како ќе ви изгледаат вестите, нити некој ви се јавил од мојот кабинет какво прашање да ми поставите“, изјави Ковачевски.