Американскиот претседател Џо Бајден се сопна и падна додека ги делеше дипломите на церемонијата на Академијата за воздухопловни сили на САД во Колорадо.



На Бајден, кој е најстариот претседател на нацијата со 80 години, членови на обезбедувањето му помогна да се исправи и се чинеше дека не е повреден, пренесе Би-Би-Си.

Претседателот стоеше околу час и половина за да се ракува со секој од 921 дипломиран кадет.

Директорот за комуникации на Белата изјави „тој е добар“.

„Имаше вреќа со песок на сцената додека се ракуваше“, напиша Бен ЛаБолт на Твитер по падот во четвртокот.

Во извештајот на Белата куќа, претходно се вели дека Бајден се сопнал на црна вреќа со песок додека се движел на сцената.

На снимката од инцидентот се гледа како г-дин Бајден покажува кон една од двете вреќи со песок што се користеле за да го поддржат неговиот телепромотер додека му помагале службеник на воздухопловните сили и двајца членови на неговата тајна служба.