Момироски: Три сценарија во СДСМ за уништување на ВМРО-ДПМНЕ пред избори (ВИДЕО)

Откако стана извесно дека ВМРО-ДПМНЕ нема да попушти за промена на уставот и влез на бугарите во уставот во владината коалиција соочена со катастрофален пораз на следните парламентарни избори се размислува за радикални мерки против ВМРО-ДПМНЕ.



Луѓе блиски на СДСМ деновиве интензивно зборуваат за три чекори кои што би ги презела власта ако странците не го убедат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се согласи на уставни измени под бугарски диктат.

Новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа Горан Момироски пренесува информации од кругови блиски на СДСМ според кои во игра се три радикални мерки пред избори:

Првото сценарио е најбенигно, во него користејќи предмети кои ги почна СЈО може да биде блокирана сметката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ по што таа не би можела да финансира било каква политичка или изборна кампања што ќе придонесе за подобар резултат на СДСМ на изборите.

Второто сценарио кое го пренесува Момироски е одземање на регистрацијата на партијата од страна на судот повторно врз основа на судски предмети кои се водат против членови на ВМРО-ДПМНЕ каков што е случајот Титаник.

Третата најрадикална опција е апсење на 4 до 6 члена на партијата со што би се обезглавила партијата и ВМРО-ДПМНЕ не би освоиле мнозинство во Собранието.

Целата емисија во која се зборува за овие и други сценарија а во која гостин е професорот Владимир Божиновски во видеото