Одмрзнати цени: Нов ценовен шок или конечно стабилизирање на пазарот со храна?!

Нов ценовен шок или конечно стабилизирање на пазарот со храна?! Антикризните мерки завршија, ама граѓаните и натаму се во грч од евентуално ново зголемување на цените на прозиводите. Иако од денеска не важи владината одлука со која беа замрзнати цените на лебот, брашното, маслото, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи, сепак потрошувачите веќе не веруваат во ништо. Пред камерата на Алфа се пожалија дека ништо нее евтино, а со укинување на мерката, која беше на сила само два месеца, можно цените на дел од производите да заминат до плафон.



Алфа направи обиколка во дел од поголемите маркети, каде, можеше да се види дека цените се исти како и претходно, но тоа е дека фитмите се уште имаат залихи на производите. Па така краставиците и пиперките и натаму се продаваат по околу 100 денари, доматите исто така одат за околу 100, морковите по 80 денари, а грав нема ни за лек, освен на пазар кој надминува 300 денари за килограм.

Наспроти ова, министерот за економија вели смирува, но не гарантира дека одмрзнатите цени нема се зголемат. Нови мерки за сега нема додава Бектеши, и останува да контролира само инспекцијата.

Во меѓу време, деновиве, дел од производите, какао гравот, го снема од рафтовите на маркетите, најверојтано поради очекување дека од денеска ќе им стават нова, повисока цена, па така да направат дополнителен ќар. Инаку, од Народната банка прогнозираат дека инфлацијата годинава ќе забави и ќе биде едноцифрена, односно ќе падне под 9%, но и натаму ќе остане висока.