Спасовски: Нема опасност од прелевање на ситуацијата на Косово во земјава

Граѓаните можат мирно да спијат, нема опасност од прелевање на ситуацијата на Косово во земјава- изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Утрински печат“ на Слободна ТВ.



-Во однос на состојбата во државава можам да кажам дека таа е мирна стабилна и нема индиции за нејзино нарушување. Сепак безбедносните структури и агенциите се ставени во апсолутна функција на собирање на информациии за анализа на истите. Состојбата се следи будно се со цел оваа состојба на мир, стабилност и безбедност на земјава да остане таква. Мислам дека нема да имаме никаков проблем во тој дел и граѓаните можат мирно да спијат- вели Спасовски.

Според него во однос на безбедоносната состојба во опкружувањето во регионот тие случувања кои се рамки на политичките односи во земјава можат да бидат сериозна индикација за нарушување на безбедноста во земјава и секогаш нестабилноста во регионот во една од државите треба да го крене алармот за да работиме сите посветено за зачувување на мирот и стабилноста.

– Еден од основите на напредок во регионот е безбедноста. Ако сакаме да имаме економски развиен регион прво треба да се посветиме на безбедноста. Што се однесува до безбедноста на целиот регион сметам дека се треба да направиме заедно со нашите стратешки партнери и да бидеме држави кои можат да извезуваат мир и стабилност наместо држави кои постојано ќе бидат под опсервација- вели Спасовски.