По изјавата на српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ дека „српската армија е подготвена да ја изврши секоја задача и од политичка гледна точка Србија утврди кои се црвените линии кога се наоѓа во ситуација кога ѝ се загрозуваат витални национални и државни интереси“, со коментар се јави албанскиот премиер Еди Рама, пренесува Алсат.



„ Српската армија на границата. Ова е најневеројатниот приказ на внатрешната политика, бидејќи српската армија на границата со Косово има моќ еднаква на нула. Исто е како мексиканската војска да се појави на границата со САД. Што може да направи?

Со должна почит, бидејќи го сакам Мексико, но она што може да направи е ништо, апсолутно ништо. Тоа е за внатрешна политика“, рече Рама.