Тара Рид, 59-годишната Американка која го обвини американскиот претседател Џо Бајден за сексуален напад, полета за Москва и бара руско државјанство.
Во изјава за руската државна новинска агенција, таа рече дека се чувствува безбедно во земјата и дека сака да остане.
Рид тврдеше дека Бајден ја нападнал додека работел во неговата конгресна канцеларија во 1993 година, што тој жестоко го негираше.
„Тоа никогаш не се случи“, изјави актуелниот американски претседател. Рид работел како помошник на Бајден додека бил сенатор во Делавер, пишува Би-Би-Си.
Тара се најде на насловните страници во 2020 година, додека беше во тек неговата претседателска кампања, кога тврдеше дека тој ја нападнал во ходникот на Капитол Хил. Таа го обвини дека ја натерал до ѕид и ѝ ги ставил рацете под кошулата и здолништето.
Рече дека ги напуштила САД откако републикански политичар и кажал дека е во физичка опасност. „(Би сакала) да поднесам барање за државјанство во Русија, од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин…
Ветувам дека ќе бидам добар граѓанин“, истакна таа, додавајќи дека се надева дека ќе го задржи своето американско државјанство.






