Тинејџер од Западна Вирџинија е осуден на две затворски казни од 40 години за убиство на неговите мајка и сестра, откако судијата ги одбил неговите барања за помала казна.
Конор Кроу (16) се изјасни за виновен за две точки од обвинението за убиство во ноември минатата година, откако се откажа од правото да му се суди пред судот за малолетници или поротата.
Кога во септември 2020 година ја уби мајка си Мелиса Роуланд (39) и неговата 15-годишна сестра Медисон, имаше само 13 години. Неговите адвокати побараа пократка казна врз основа на неговата возраст, но судијата Џејсон Куомо му одреди максимална казна, јавуваат американските медиуми.
Кроу може да има право на условно ослободување по 15 години. Тој ќе остане во малолетнички притвор додека не наполни 18 години, кога ќе биде префрлен во институција за возрасни.







