Чолиќ наполни 72 години, ќерката му честиташе: „моја гордост“

Прославениот пејач и регионална ѕвезда Здравко Чолиќ го прослави својот 72 роденден.



По тој повод, неговата ќерка Уна објави нивна заедничка фотографија на својата инстаграм приказна со емотивна честитка.

“Среќен роденден на најдобриот татко! Моја гордост, те сакам”, напишала 21-годишната девојка.