
Екс министерот за надворешни работи на Косово, Петрит Селими тврди дека три земји членки на ЕУ бараат суспензија на безвизниот режим за Косово. Тој вели дека ова се драстични и неприфатливи потези.
Селими вели дека информациите му се од европскиот Комитет за политика и безбедност.
Селими објави дека тие три земји размислуваат да побараат суспензија на средствата од ИПА-фондовите и на визната либерализација за Косово поради ескалацијата на ситуацијата на северот од Косово.
„Сега ни требаат конкретни решенија за Косово“, напиша Сељими.





