Бојко не се откажува од пратеничкиот имунитет за да не му судат…

Лидерот на ГЕРБ, најголемата пратеничка група во бугарскиот парлемент и поранешен бугарски премиер во два мандати, Бојко Борисов, нема намера доброволно да се откаже од пратеничкиот имунитет откако тоа го побара обвинителството поради случајот „Барселонагејт“.



„Апсолутно не, затоа што треба да си слеп за да не видиш што се случува во моментов., А,дали службите и министерот Демерџиев вчера дознаа за мртвите души или за протекувањето доверливи информации?

Зошто вчера? Поставувам реторички прашања“, коментираше Борисов на редовниот утрински брифинг на маргините на парламентот.

Зошто вчера? За да нема влада. Зошто вчера побараа да ми се одземе имунитет, а не пред еден месец? Целта е да нема влада, јасно и прецизно“ – вели Борисов.

На прашање дали е подготвен да формира влада по секоја цена, лидерот на ГЕРБ рече дека останува на ставот даден претходно.

„Ако ги вратите моите изјави од пред извесно време, јас реков дека треба да има влада, редовно избрано, парламентарно мнозинство, на нормална парламентарна република. Разговаравме три месеци, шест месеци, стручно, од повеќе партии и останувам на ова мислење. Денеска повторно ќе се сретнеме со Продолжуваме со промените (ПП), бидејќи хаосот во државата е веќе тотален“ рече Борисов.