Советникот од редовите на СДСМ во Советопт на Град Скопје, Гордан Шутаров, вчера упати конкретно прашање до градоначалничката Данела Арсовска околу состојбата во градската каса истакнувајки дека е поразително советниците на Град Скопје да бидат информирани преку медиумите за блокиурана градска каса и слично.



„Прв пат ни се случи претходната година да останеме без јавен превоз, прв пат во историјата ни се случи да останеме со блокирана сметка, на 11 мај се разбудивме сабајле и прочитавме од медиумите дека сметката на град Скопје е блокирана, потоа од медиумите дознавме дека се работи за 2,5 милиони евра поради правосилна судска пресуда, рече Шутаров, додавајќи дека тоа се случува во време кога буџетот треба да биде најликвиден, пренесе Макфакс

Кон крајот на годината изгласавме буџет од 100 милиони евра, а каде се парите, ако сме изгласале 100 милиони евра буџет, а имаме 2,5 % правосилна судска пресуда, значи дека на сметка немало ни 2,5 милиони евра, со колку финансии располагал градот Скопје во моментот на пристигнувањето на овие правосилни судски пресуди, праша Шутаров.

Тој нагласи дека советниците ги бараат информациите за да помогнат, бидејќи се должни да си ја вршат работата за која се избрани.