Османи: Уставните измени за бугарите е копање во живата рана од промената на името (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги спореди уставните измени за влез на Бугарите во уставот со копање во се уште живата рана од промената на уставот со цел промена на уставното име.



На панел дискусија за Западниот Балкан на безбедносната конференција Глобсек во Братислава, Словачка, Османи се пожали дека 22 години по потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 18 години по добивањето на статусот кандидат за членка Македонија почнала преговори кои се условени со нова промена на уставот.

Перцепцијата е дека само неколку години по друга промена на уставот сега се чепка во живата рана која се уште не е залечена а беше направена со уставните измени за промена на името.

Со оваа изјава Османи индиректно го оправдува ставот на ВМРО-ДПМНЕ кое се противи на нови уставни измени без гаранции сака ова е последно барање на Бугарија или некоја друга членка на ЕУ.

Изјавата на Османи во која што вели дека оваа ситуација создава фрустрација и апатија меѓу граѓаните за процесот на проширување на ЕУ, е по 17 минута во видеото на англиски јазик

https://www.youtube.com/live/fvowWdg5mn0?feature=share