Портпаролот за надворешни работи на германската политичка партија „Алтернатива за Германија“ изјави дека зa Косово нема место во Советот на Европа и ЕУ а тоа го докажува и последната ескалација на насилството.
„Доколку го примевме во Советот на Европа и ЕУ, ќе ги префрливме проблемите во регионот на нашите институции и со тоа ќе ги дестабилизиравме“, рече Петр Бистрон, кој е и пратеник во Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и во германскиот Бундестаг, според кој „регионот останува буре барут“, пренесе Б92.
Пратеничката група на АфД ја повикува федералната влада веднаш да ги прекине активностите за прием на Косово во Советот на Европа“, соопшти пратеничката група на АфД во германскиот Бундестаг.
Германското Министерство за надворешни работи претходно ги осуди нападите на северот на Косово во кои беа повредени војници и цивили на КФОР и повика на итна деескалација.







