„Зошто воопшто за една недела трошеа пари да ги испечатат. Да се брои дека имало учебници?! Нека ги зачуваат за следната година“, коментираат родители откако деновиве на дел од петтооделенците им беа дадени учебниците по македонски јазик за учебната 2022/2023 година, објави МКД.МК.
„Да се добие учебник на две недели пред крајот на школската година е навистина жалосно и е противзаконски. Ние имаме Закон за учебници и наставни материјали каде што точно е дефинирано кога се објавува оглас за учебник, кога авторите треба да ги пријават своите дела и кога тој се печати“, вели Драгана Спасевска од иницијативата Учебници и настава мора да има.
Дел од училиштата сè уште ги немаат добиено учебниците.
Тие цела учебна година учеа од диктиран материјал или печатени скрипти.







