Денеска од затвор излегува Абдуљфета Алими, како прв од 17-те лица осудени на затворски казни за настаните од 27 април 2017 година кој од денеска е на слобода, дознава Мкд.Мк.
Алими како вработен во обезедувањето на Собранието на Македонија, ги предаде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски и Крсто Мукоски, кои ги отворија вратите и овозможија демонстрантите да упаднат во законодавниот дом.
Алими кој е прв од 17-те лица кои се осудени за „27 април“, тврдеше дека го спасил од смрт Зијадин Села, тогашниот претемик и лидер на Алијанса за Албанците.
Села бараше слобода за Алими, но обвинителството, а потоа и судот, утврдија дека и тој учествувал во терористичко загрозување на уставниот поредок, нп доби пониска казна зашто се уважи дека дејствувал и за спасување на лидерот на Алијанса.
Абдуљфета Алими доби 7 години затворска казна, а минатата година со одлука на претседателот на Македонија Стево Пендаровски е помилуван, со што наместо кон крајот на годинава, на слобода излегува од денеска.
Практично, Алими е лицето кое, според судот, ги даде клучевите, а прв од осудените е „отклучен“ од затворот“, пишува МКД.Мк..






