Ова го ветува министерот за економија, Крешник Бектеши кој соопшти дека идниот месец ќе се разговара за нов модел за пресметување на цената на електричната енергија со министерот за финансии, со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и со другите членови од Енергетскиот совет.
Но, без оглед на исходот, до крајот на годината нема да се прават ценовни корекции.
Од 1 јули најавено е дека ќе се врати ДДВ-то на струјата на 18 проценти %, но, тоа нема да ги зголеми сметките на граѓаните, тврди Бектеши, пренесува порталот Пари
Притоа, вели, со новиот модел може и да се намалат.
Инаку се најавуваше и можноста за враќање на евтината дневна тарифа за струја од 1 јули…
ДДВ-то за електричната енергија во текот на 2021 беше спуштено на 5%, а во јануари годинава се зголеми на 10 проценти.
Целта на интервенцијата беше барем делумно да се санираат поместувањата предизвикани од енергетската криза.






