Лекарите се борат за еден живот, 52 повредени Срби, 41 повредени војници на КФОР на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја потврди информацијата за повредените од денешните судири во Звечани, Северно Косово.



Како резултат на судирите, 52 Срби се примени во болницата во Косовска Митровица.

Тројца се во тешка состојба, лекарите се уште се борат за животот на еден. Од мировниот контингент на КФОР – 41 ранет.

Според медиумите оган врз невооружената толпа отворил полициски службеник од косовските полициски специјални сили РОСУ.

Според Вучиќ, целта на Приштина е да ја турне Србија во конфликт со НАТО.