Англиски албум со фотографии од Македонија беше меѓу стотина фрлени непосакувани подароци за Божик што синоќа се продаваа на аукција во швајцарскиот град Тун.
Албумот, како и другите предмети на првото наддавање од ваков вид во градското собрание, е донесен од ѓубреџиите по празнењето на контејнерите.
Над 200 посетители присуствувале на аукцијата, на која од продажбата на непожелните божикни дарови се собрани 2.500 швајцарски франци, со кои ќебиде набавен уште еден дефибрилатор за регионот.
Идејата за смислена употреба на содржината на местата за оставање отпадоци доаѓа од германскиот град Нирнберг, каде што ваква аукција е претворена во дваесетгодишна традиција наспроти пазарот за божикни подароци.
Организаторите на настанот во Тун се задоволни од првото издание и веќе размислуваат за ново следната година.





