Заради енормна корупција во правосудството, Холандската амбасада во Скопје го откажува проектот МАТРА.
„МАТРА” е името на проектот што се спроведува повеќе години со поддршка од Кралството Холандија, а беше насочен кон зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот Совет.
Според најавите на холандскиот амбасадор во Македонија корупцијата е причина зошто Холандија како еден од најголемите донатори на Македонија запира важен проект за правосудството и владеење на правото.
Германскиот државен сервис Дојче Веле во текст за оваа и други состојби на темата во насловот пишува дека на САД и ЕУ им прекипе од македонското правосудство.
Овој дел од власта е директно контролиран од СДСМ и ДУИ.






