Припадници на КФОР се присутни во општина Зубин Поток, ја блокираа улицата што води до самата општинска зграда, па до неа се стигнува само пеш. Присутни се и голем број припадници на специјалната косовска полиција.



Така е и во Лепосавиќ, јавува Kosovo-online.

Во Звечан сирените се огласиле околу 7:15 часот, јавува Телеграф.рс.

Стотици Срби се собраа пред општинските згради на северот на Косово и бараат повлекување на косовската полиција и новоизбраните албански градоначалници во општините каде Србите сочинуваат повеќе од 95 отсто од населението.

Ситуацијата од рано наутро е тензична на сите места на северот на Косово поради невообичаено голем број припадници на полицијата и КФОР.