Според ,,Europe Elect” ВМРО-ДПМНЕ има 13 % предност пред СДСМ

Според специјализираната европска агенција за анкети и политички истражувања ,,Europe Elect” ВМРО-ДПМНЕ води 13 % пред СДСМ.



Тргнувајќи од поинаков метод на пресметување на анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) Europe Elect објавува дека предноста на опозицијата пред власта е речиси двојно поголема од таа што ја објави ИПИС утрово.

Според оваа методологија во која се пресметани тие што би излегле на гласање по ВМРО-ДПМНЕ со 35 и СДСМ со 25 проценти поддршка следуваат ДУИ со 12 а Левица и листата на Димитриевски имаат по 6 проценти поддршка.

Алијанса за Албанците има 6 а БЕСА има 5 проценти поддршка.

Утрово ИПИС објави анкета по друга методологија која СДСМ веднаш ја прогласи за наместена но се уште не реагира на анкетата објавена од Europe Elect.

ИПИС: Сите тројца лидери на владината коалиција заедно немаат народна поддршка колку Мицкоски