„ЕУ законодавството е важно, а договорот со „Бехтел и Енка“ не се совпаѓа со тој опис и не е усогласен со ЕУ законодавството. Исто така и целиот начин на кој е спроведен, е прилично нетранспарентен, што е исто така и мислење на ММФ на пример“, вели амбасадорот на Холандија во земјава.



На прашањето на „Радио слободна Европа “, дали употребата на европското знаме за законите поврзани со проектот за изграба на коридорите 8 и 10д може да има последици во натамошниот процес за евроинтеграции на Македонија, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вели:

Да, мислам дека може. ЕУ законодавството е многу јасно. Не може да ги игнорирате правилата за јавни набавки, односно да ги избегнете тендерските постапки во договорот...

Во врска со „„европско знаменце“ Коп вели дека , ЕУ веќе објави став дека употребата на европско знаме тука е погрешна, знаменцата се наменети за законите кои треба да ја доведат земјата поблиску до остварување Копенхашките критериуми и со години ние и не само ние и други претставници на ЕУ делегацијата предупредувавме на злоупотребата на европското знаме во овој процес.

„Аргументот кој се користи за злоупотребата на знамето е да се одбегне филибастеринг од опозицијата во Парламентот. И да, се разбира, тоа е дилема. Но, прашањето е дали ќе го употребите европското знаме за прашања кои немаат некоја поврзаност со европското законодавство.

А, според наше мислење, токму тоа се случува сега со овој договор“, вели Коп за РСЕ.