Холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп Коп, смета дека случувањата околу Судскиот совет во земјава е еден од многуте лоши случаи поради кои е намалена довербата во судскиот систем и обзнани дека Холандија стави во мирување голем проект поврзан токму со Судскиот совет.
„Случајот со Судскиот совет, кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан Холандија сега стави во мирување еден голем проект со Судскиот совет. Ситуацијата е многу сериозна“, изјави Коп за Радио слободна Европа.
Според холандскиот амбасадор, друг проблем според него се враќањето на предметите за високи функционерио на повторно судење, кои претходно ги водеше специјалното јавно обвинителство.
„Во минатите две години мислевме дека видовме напредок, подобар менталитет, независно поставување на судии во Судот, но исто така сега повторно гледаме дека работите се влошуваат.
Гледаме знаци на политичко влијание кај изборот на Обвинителството за организиран криминал, гледаме знаци на политичко влијание во изборот на кандидати во Академијата на судии и јавни обвинители, гледаме знаци на политичко влијание практично во сите судови, и да, тоа е многу загрижувачко, се натрупува едно по друго. Дозволете да ве потсетам дека во февруари 2020 година, кога Парламентот донесе закон со кој гарантираше процесуирање на случаите на СЈО, случаите со масовното преслушување и тоа беше единствениот настан што направи мојата земја да се согласи за членство на Северна Македонија во ЕУ, а потоа и Советот на ЕУ се согласи со тоа во март 2020 година. Тоа е централно прашање и го следиме внимателно. Тоа е дел од поглавјето „основи“ кое прво се отвара, а последно се затвора и ќе остане од висока важност во целиот процес. Но она што ние напротив го гледаме е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој“, рече Коп за РСЕ.
Закорупцијата Коп директен:
„Па, не гледаме некој напредок, напротив сметаме дека работите се влошуваат. Постои корупција насекаде, конфликт на интереси, влијание врз невладиниот сектор, непотизам, клиентелизам, а препораките од Државната комисија за спречување корупција и Народниот правобранител не се почитуваат од никој, ниту од Владата ниту од парламентот, ниту од Обвинителството…“







