На релација од Шангај до Пекинг, првиот голем патнички авион од кинеско производство го изврши својот прв комерцијален лет во неделата, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“
Летот на MU9191 на China Eastern Airlines, новиот авион Ц919 со тесно тело тргна од Шангај во 10:32 часот по локално време. Тој беше пречекан со воден поздрав откако слета на меѓународниот аеродром во Пекинг во 12:31 часот.
По долгогодишно истражување и развој, лансирањето на C919 се смета за клучен момент во стратегијата на Пекинг „Произведено во Кина 2025“, која има за цел да го поттикне локалното производство, вклучително и со намалување на зависноста од странски авиони за нивниот авијациски сектор.
Со лет до 5.555 километри, Ц919 ќе биде конкурент со двата најголеми светски производители на авиони, Ербас и Боинг.







