„Ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму, уверува холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп во неделното интервју за Радио слободна Европа
Амбасадорот вели дека Македонија треба да ги заврши реформите.
„И тоа е единствениот начин да се влезе во Унијата. А скрининг процесот ќе даде јасно до знаење какви треба да се реформите и на крајот тоа е многу поважно од позицијата на Бугарија.
Но, се согласувам со вас дека има преголемо внимание за ова прашање. …
Но, дозволете ми да ве потсетам дека ова е билатерална обврска меѓу Македонија и Бугарија. Тоа е договор меѓу двете земји. Холандија не е дел од тој договор и како такви немаме интерес за тоа.
Но, постои можност ова да стане еден вид оправдување за да не се завршат реформите, тоа го одвлекува вниманието за да не се завршат работите кои се навистина важни, а Бугарија ја сметаме за помалку важно, билатерално прашање поврзано со евроинтеграциите“, вели амбасадорот Коп за РСЕ.






