ИПИС: Сите тројца лидери на владината коалиција заедно немаат народна поддршка колку Мицкоски

Сите тројца лидери на владината коалиција Ковачевски, Ахмети и Таравари заедно немаат народна поддршка колку Мицкоски покажува
анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведена во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1112 полнолетни испитаници на ниво
на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за
нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни
прашања.



Според анкетата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има 13,5 проценти поддршка од граѓаните а сите тројца лидери на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците имаат помалку од него односно имаат 13,4.

Во делот на партиите ВМРО-ДПМНЕ останува во убедливо водство пред СДСМ со над 7 проценти.

Дури и заедно со ДУИ партијата на премиерот Ковачевски не може да го победи ВМРО-ДПМНЕ на избори што би се случиле утре што може да биде причината зошто премиерот од отфрлање на барањето за средба кое дојде од Мицкоски сега самиот да нуди состанок со лидерот на опозицијата.

Според анкетата трета најпопуларна партија е ДУИ со 6,5 проценти поддршка а интересно е што речиси изедначени се Левица и движењето на Максим Димитриевски.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, ИПИС креирал непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок кој беше
стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што

Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на
партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.