На пратеничката Снежана Калевска – Ванчева од СДСМ која погрешно ги напиша името на спикерот на украинскиот парламент и го прогласи за претседател на Украина на местото на Зеленски не и било прв пат да пишува глупости на Фејсбук.
Во друг пост на Фејсбук Калевска Ванчева за истата посета прави повеќе срамни грешки кои не се исправени до ден денеска.
,,Студиска посета на Собранието на Република Северна Македонија на Стокхолм.
Demicratic development cooperation between the Rigsdag and Assamblu of the Nort Macedonia.
Размената на искуствата во градењето на демократските капацитети и улогата на законодавниот дом е исклучително корисна, особено за младите демократии”, пишува Калеска Ванчева правејќи грешки со зборовите: Demicratic (Дemocratic), Rigstag (Rikstag), Assamblu (Assembly) и Nort (North).

И во овој и во фамозниот гаф во кој Калеска Ванчева зборува за средбата со лажниот украински претседател за време на посета на парламентот на Шведска напишала дека се наоѓа во посета на Rigstag кој всушност е парламент на Данска.
Шведскиот парламент се нарекува Rikstag но културните Швеѓани не реагирале на грешката на пратеничката на СДСМ.






