Киев од Берлин бара крстосувачки ракети Таурус

epa06231484 A South Korean air-to-ground guided missile Taurus (front) is seen during the media day for the 69th anniversary of the Armed Forces Day at the 2nd Fleet Parade Ground in Pyeongtaek, South Korea, 25 September 2017 (issued 28 September 2017). EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Украина побара од германската влада да ѝ испрати крстосувачки ракети Таурус додека Киев се обидува да се одбрани од руската инвазија која започна минатиот февруари. Барањето на Киев е добиено пред неколку дена, изјави вчера вечерта портпаролката на германското Министерство за одбрана.Киев од Берлин бара крстосувачки ракети Таурус, тие имаат дострел од 500 километри



Сепак, деталите од барањето, вклучително и количеството оружје што го бара Киев, остануваат нејасни. Пред неколку дена, Родерих Кизеветер, претставник на опозицијата од редовите на демохристијаните во германскиот парламент, го поддржа испраќањето на ова оружје.

Водени проектили со дострел до 500 километри ќе ѝ овозможат на нападнатата земја „да ја цели руската воена инфраструктура далеку зад линијата на фронтот“, рече тој.

Веста за барањето дојде откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека продолжува да бара поддршка од западните партнери.

„Ќе направиме сѐ што е можно и невозможно да ја забрзаме испораката на нови, поквалитетни системи за противвоздушна одбрана во Украина“, рече тој во петокот во видео обраќањето, додавајќи дека тоа е „буквално секојдневна тема во соработката со партнерите“. Украина постигнува побрз напредок во модернизацијата на својата одбрана отколку што можеше да се предвиди пред шест месеци, рече тој.