Како што најави, претседателот на Србија и лидер на владејачката Српска напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, денеска поднесе оставка од лидер на партијата.
Вучиќ за таа функција го предложи Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија, кој е и висок функционер на СНС.
Се очекува истиот ден на продолжението на седницата СНС, која се одржува во Крагуевац, да го потврди изборот на Вучевиќ.
„Милош е човек посветен на СНС и на идејата за независна и просперитетна Србија“, рече Вучиќ за време на својот говор.РСЕ







