Косовските институции веднаш да ја деескалираат ситуацијата на северот на земјата, повика НАТО еден ден по судирот меѓу косовската полиција и локалните српски групи.



„Ги повикуваме институциите во Косово веднаш да ја деескалираат ситуацијата и ги повикуваме сите страни да ја решат ситуацијата преку дијалог. Мисијата на НАТО, КФОР, продолжува да биде будна и да обезбедува безбедна средина“, напиша на Твитер портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, пренесе РСЕ.

Вчера дојде до конфликт меѓу косовската полиција и локалното население во општините на северот на Косово со српско мнозинство.

Вооружените сили на Република Србија засега остануваат на највисоко ниво на борбена готовност, одлучи на денешната седница Советот за национална безбедност на Србија, која вчера ја свика српскиот претседател Александар Вучиќ по тензиите меѓу косовската полиција и граѓаните на северот на Косово.

Ваквата одлука, како што се наведува во соопштението на Претседателството на Србија, е донесена поради бруталната употреба на сила од страна на косовскиот премиер Албин Курти против српскиот народ во Косово.

Полицијата им помогна на новите албански градоначалници на Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да влезат во нивните канцеларии, на што се спротивставија групи локални Срби. Беше фрлен солзавец и шок бомби, а кон полицијата беа фрлани и камења.

Новите градоначалници влегоа во нивните простории по интервенција на полицијата.

Денеска ситуацијата е мирна…