Најголем дел од јавноста вчера реагираше на изјавата на премиерот Ковачевски кој најави дека ќе го вратил стандардот на граѓаните како во поранешната Југославија при што Македонците ќе бидат побогати од повеќе членки на ЕУ кои доаѓаат од екс комунистичкиот блок.
Но никој не реагираше на изјавата на Ковачевски односот говор во која тој вели дека Македонија потекнува од Југославија.
Иако официјалната уставна и историска позиција на македонската држава е дека еден од темелите на државноста е Илинденското востание кое е никулец на модерната македонска држава премиерот тврди дека Македонија потекнува од југословенската федерација.
Дел од обраќањето во кое премиерот вели дека Македонија потекнува од Југославија.
Со ваквиот официјален наратив во кој Ковачевски се откажува од Илинденското востание премиерот ги прифаќа бугарските позиции според кои македонската нација настанала во 1945 година со настанувањето на Југославија а пред тоа сите Македонци биле Бугари.
Зошто Ковачевски одеднаш објави дека Македонија потекнува само од СФРЈ а не и од Илинден како што пишува во уставот на државаѕа што ја води треба да објасни самиот.
Зошто Ковачевски би се откажал од Гоце, Даме, Питу и другите споменати во химната и другите документи на македонската државност за кои Бугарија тврди дека се Бугари не е енигма.
Југословенската федерација е формирана на 29 ноември 1943 на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце како заедница на 5 народи и 6 републики (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора), со првобитно име Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ).
На ова заседание немало македонски претставници.
Името ДФЈ е променето на 29 ноември 1945 на Третото заседание на АВНОЈ во Белград, во Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), за конечно на 7 април 1963 да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).
Социјалистичка Федеративна Република Југославија е наследничка на Кралството Југославија (1918-1943). За еден од најважните моменти што подоцна влијаеја Југославија да се распадне, се смета неуспехот на Вонредниот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, во Белград, на 22.1.1990.
СФРЈ престанува да постои во 1992, со отцепувањето на 4 од 6-те републики по што Србија и Црна Гора формираа нова заедница – најпрво Сојузна Република Југославија, а подоцна во 2003-та државната заедница Србија и Црна Гора.
Целата прес конференција на која премиерот Ковачевски објави дека Македонија потекнува од југословенската федерација и практично се откажа од Илинденското востание како темел на државноста.
Авторот е новинар на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ
Најчитани статии
Тешка одлука на шефот на државата, ќе оди со својот народ или ќе го слуша Али Ахмети
Пендаровски меѓу чеканот (ДУИ) и наковалната (Македонците) за Бехтел и Енка






