Новинарот Зоран Димитровски, донеродамна заменик министер во Министерството за локална самоуправа гледа опасност во можноста со уставните измени да се „издвојат“ два народи, а во подреден статус да се стават другите малцинства во Македонија.



„Со издвојување на два народа, македонскиот и албанскиот, би се направило де јуре рангирање на народи и малцинства, што е спротивно на решенијата од Рамковниот договор и тoa битно би го нарушило статусот на помалите етнички заедници.

Од друга страна, потенцирањето на два народа како конститутивни во државата, е иницијална каписла за барање територијални решенија за какви било идни политички барања, со чие решение политичките елити на Албанците не би биле задоволни.

А, Рамковниот договор токму тоа го поставува како услов – дека во иднина не смее да има територијални решенија за политички барања!

Се плашам дека последните закани што доаѓаат од власта, дека доколку не влезат Бугарите во Уставот сега и веднаш, може да ни се случи безбедносна криза, токму тоа и го навестуваат.

Затоа сметам дека ДУИ и СДСМ со планот за уставни промени ја загрозуваат безбедноста на државата. “ објави Зоран Димитровски-Жоро на Фејсбук.