Димитар Ковачевски денеска ја коментираше изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски според кого „власта со уставните измени работи на создавање бинационална држава“.
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже дали со уставните измени се крои бинационална држава!?
„Тоа е уште една од низата небулози и замајување на јавноста од страна на опозицијата, истата таа опозиција зборуваше и дека во државата ќе има не знам колку милиони мигранти, дека државата ќе се кантонизира, дека со гласањето на францускиот предлог ќе сме станеле бугаризирани и асимилирани и дека ќе сме го изгубеле македонскиот јазик, но ништо од тоа не се случи. Ова е најновата во низата лаги. Се работи за шпекулација и за зборување нешто од немајкаде. Кога сите факти ќе ве побијат, не ви останува ништо друго освен измислување нови небулози кои ќе шират хистерија и страв кај народот, а нема да направат ништо добро – истакна Ковачевски.
Премиерот потсети дека Работната група за уставните измени има обврска да ги подготви измените согласно преговарачката рамка.
Владата ќе биде подносител, а се работи за промена на Преамбулата и внесување други делови од народи во неа, каде веќе има и други делови од народи. Тоа е обврска која е императив и основна работа на Работната група, а потоа и на собраниските тела, дополни Ковачевски.






