Дури 306.943 работници во државава земаат плати до 30.000 денари.
Државниот завод за статистика пресмета, а Владата се пофали дека просечната нето-плата во март 2023 година е 34.925 денари.
Овој износ е далеку од потребите за задоволување на минималната синдикална кошничка за четиричлено семејство, за која Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за април 2023 изнесува 49.384 денари.
Процентуално пресметано ова значи дека 59 отсто од вработените се за 4.925 денари под просекот за нето-плата што го пресмета Државниот завод за статистика, пишува порталот „Пари“







