Каракамишева: Смрт за унитарна Македонија ако во уставот се запишат два народи

Професорката по уставно право и политички систем Тања Каракамишева Јовановска смета дека македонска нација во преамбулата ќе ги запре поделбите во земјата.



Во исто време професорката предупредува дека ако се остварат најавите дека власта планира во уставот да вметне македонски и албански народ и други помали заедници тоа ќе доведе до крај на унитарна Македонија.

,,МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА во Преамбулата ќе го СТОПИРА деценискиот процес на етнички поделби во Македонија! Читам се предлагаат два народа, етнички заедници и малцинства во Преамбулата! ПОГУБНО РЕШЕНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА! Во компаративната уставна пракса, нема унитарна држава со ваква поделеност”, забележува Каракамишева Јовановска.

Работната група за уставни измени се уште не објавува што е предлогот на владата за уставот кој се отвара за да бидат вметнати Бугарите во него.