Владата им препорача на деловните банки, да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, од понеделник, 29 мај.
Граѓаните кои не користат платежни картички, ќе ги подигаат пензиите од шалтерите според распоред во зависност од висината на пензијата и тоа:
·за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.5.2023 година (понеделник);
· за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.5.2023 година (вторник);
·за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.5.2023 година (среда) и
·за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 1.6.2023 година (четврток).






