Големи заштеди за фирмите кои „на диво“ трошеа струја во кризата

Во текот на минатата година домаќинствата и малите потрошувачи на ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија му платиле 425 милиони евра, што е многу повеќе од 296-те милиони евра фактурирани за потрошената струја во 2021, но тоа најмногу, покрај поскапената цена, се должи и на пребегнувањето на малите фирми од слободниот кон регулираниот пазар за да си ја спасат голата кожа во текот на енергетската криза, пишува Фактор.мк.



Според податоците кои ги споделува Регулаторната комисија за енергетика во извештајот за 2022, чисто само домаќинствата ја намалиле потрошувачката со штедењето од 3,31 на 3,08 милиони мегаватчасови кои ги плаќале по цена од 3.520 денари, но без вклучена мрежарина. 

Илјадници фирми со над 50 вработени или вкупен годишен приход од над 10 милиони евра преку „дуплки во законот“ за да не плаќаат берзански цени, пребегаа на регулираниот пазар кај ЕВН Хоме. Така, малите потрошувачи, од кои некои од нив условно така насловени само на хартија, потрошиле 674.056 мегаватчасови, што е многу повеќе од 371.544 во 2021. Цената лани што ја плаќале била многу поволна за нив – во просек по 135 евра од мегаватчас, без мрежни услуги, пишува Фактор.мк.

Линк до целата анализа.

https://faktor.mk/kolku-pari-za-struja-zashtedija-firmite-koi-na-divo-troshea-vo-krizata