Процентот на ненаплатена вода на ЈП„Водовод и канализација Скопје“ за 2021 година, се движел околу 60 % – констатира Државниот завод за ревизија, откако изврши ревизија на финансиските извештаи на ова
Оваа количина на нефактурирана вода, забележува ДЗР, е двојно повисоко од нејзиното оптимално ниво предвидено со Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на Град Скопје, пренесува „Плусинфо“.
Според ревизорите,од вкупно 295.750 корисници на вода, до денот на известување за ревизијата, ЈП Водовод и канализација Скопје нема склучено договори за уредување на меѓусебните права и обврски со 30% од корисниците на услугите (89.634 корисници).
Најголемиот дел од корисниците со кои не е склучен договор 97% се од категорија домаќинство, додека 3% се од категорија стопанство.
Со извршениот увид во деловните книги на ЈП Водовод и канализација Скопје, на крајот на 2021 година, ревизорите утврдиле искажани, но неплатени обврски спрема Буџетот на Република Северна Македонија, од повеќе години наназад, во вкупен износ од 185.543 илјади денари (околу 3 милиони евра) по основ на надоместок за користење на вода и надоместок за испуштање во води.







