„Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, ниту ја посетиле ниту имале некаква реакција со бугарската држава. Нивната дејност била насочена наспроти бугарската држава, а во тоа време бугарските владетели биле и пагани. Така што христијанизацијата на Кирил и Методиј и словенската азбука биле во функција на обединување на словенскиот свет во контекст на обезбедување рамноправност на Словените со другите народи“, вели историчарот, Митко Пановн во интервју за Република.
Според него, очигледна е намерата на Бугарија за присвојување на Кирил и Методиј.
„Тоа доаѓа до израз во 19-от век кога под влијание на Русија и градењето на проектот Голема Бугарија ја инкорпорира историјата за Кирил и Методиј претставувајќи ја како дел од тој наратив и да се оправда тој проект а со цел да се инкорпорира Македонија во таа Голема Бугарија.
Самите руски автори во тоа време говореле дека азбуката потекнува од Македонија и е создадена врз основа на говорот на македонските Словени во околината на Солун’, вели Панов.
Според него, класична политизација е протоколот за историските личности кој што е договорен од мешовитата бугарско-македонска историската комисија.
„Нема историска вистина ниту пак има заедничка историја.
Кирил и Методиј може да бидат дел од некаква заедничка прослава, но само меѓу Македонија и Бугарија туку и Чешка и Словачка како и Русија. Кирил и Методиј се обединувачи на цела Европа и ние така треба да ги третираме. Не смееме како држава да дозволиме тоа да се национализира без разлика од кого туку да укажеме дека Македонија е заслужна за зачувување на традициите бидејќи по смртта на Кирил и Методиј, во османлискиот период во Македонија се зачувува преку Охрид и Охридската архиепископија’, вели Панов…







