Македонија мора да го промени начинот на кој се однесува кон Бугарија, бидејќи тоа не е најбрзиот пат кон интеграција во ЕУ, изјави бугарскиот В.Д. министер за надворешни работи Иван Кондов по состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел, шренесуваат бугарски медиуми.
За време на средбата, на која се говорело за прашањето за побрзо проширување и интеграција, Кондов ја истакна потребата да се почитуваат преземените обврски, вклучително и промената на Уставот на РСМ и ја изрази својата загриженост за тековните прекршувања на човековите права во Македонија.
За споредбата од македонскиот премиер Димитар Ковачевски дека односот на Бугарија кон Македонија е ист со односот на Русија кон Украина, В.Д. Кондов рече рекол дека „ова секако не е начин за побрзо интеграција конкретно за Македонија“.
Според бугарски медиуми, по средбата Кондов имал разговор со неговиот колега, Бујар Османи, шри што „министерот Кондов добил објаснување дека говорите на македонскиот премиер се поврзани со конкретни политичари, а не со политиката на Бугарија во целина“.






