Белгиската компанија ќе инвестира 40 милиони евра во фабрика која ќе произведува батерии за автомобили, а ќе се гради во ТИРЗ во Кичево.
Договор за инвестиција вчера во Антверпен потпишаа директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и првиот човек и сопственик на „Avesta Batтery and Energy Engineering (АВЕЕ)“, Ношин Омар.
„ Станува збор за брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии. Севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места. Просечната бруто плата ќе изнесува 1.500 евра. Она што особено ме радува е дека просечната возраст на вработени во оваа компанијата сега е од 30 до 35 години и тие доаѓаат од 23 националности. Компанијата привлекува таленти од цел свет и верувам дека и фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат вакви таленти, особено млади луѓе“ рече Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ.
Од своја страна сопственикот на белгиската компанија рече дека е уверен дека „со основањето на оваа најсофремена фабрика ќе придонесе во економскиот раст на Македонија, додека се зацврстува позицијата на АБЕЕ како глобален лидер во индустријата за системи за управување со батерии“.
Во првата фаза се најавува вработување на 200 квалификувани работници, а максимум би се отвориле 600 работни места.






