Викендов во Бања Лука, се одржа еден од најсилните Фина квалификациски натпревари “Banja Luka Open”, критериумски за престојното Светско првенство во Фукуока оваа година.
Во конкуренција на европски и светски прваци, олимпијци, пливачите на Аква Про постигнаа одлични резултати. Стефан Тодоров постигна нов национален рекорд во дисциплината 50 м слободно со време 24.45 кое беше доволно за освојување бронзен медал во негова категорија. Ева Петровска во апсолутна категорија освои златен медал во дисциплината 200м делфин, додека на 400м и 800м слободно освои сребрен медал. Павле Стојчевски беше 18ти во финалната трка на 50м сободно постигнувајки личен рекорд.

На овој натпревар земаа учество 439 пливачи, 48 клубови од 10 држави – САД, Србија, Словенија, Црна Гора, Италија, Унгарија, Хрватска , БИХ , Австрија и Македонија.
Write to Vesna Jadroska Milosavljevic



