Европска организација која има седум милиони членови и која има сериозни влијание врз политиките на Европската Унија бара македонскиот државен врв да ги почитува регулативите на ЕУ.
Во писмото упатено до претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски, спикерот Џафери и министерот Спасовски Европската ловечка Федерација наведува точна регулатива на ЕУ со која Македонија мора да се усогласи ако сака да влезе во унијата.
,,Почитувани ловци, од Брисел испратија официјално писмо до политичкото раководство на Македонија: Пендаровски, Џафери, Ковачевски и Спасовски, да се погрижат Законот за оружје да се усогласи со европската директива 2021/555 ако сака Македонија членство во ЕУ! Ловечката Федерација на Македонија доби целосна поддршка од Брисел, од FACE, од седиштето на Европската Унија, поддршка од 7 милиони ловци од Европа, за ставот што го зазеде ЛФМ во врска со штетните предлози за измени на законот за оружје, предложени од МВР!!!
Значи ЛФМ со факти докажа дека сме во право!!!
Голема Благодарност до FACE, Европската ловечка Федерација”, пишува во реакцијата на Ловечката федерација на Македонија.
Во продолжение оригиналното писмо од FACE на Англиски и Македонски:








