Очекуваниот просечен животен век за целото население во Бугарија, пресметан за периодот 2020 – 2022 година, изнесува 71,9 години.
Според податоците на Националниот статистички институт (НСИ), во споредба со 2019 – 2021 година, тој е намален за 1,7 година, јавува Њуз.бг.
Просечниот животен век кај мажите е 68,3 години, додека кај жените е за 7,5 години поголем – 75,8 години.
Во споредба со 2012 година, во 2022 година просечната должина на животот на мажите ќе се намали за 2,3 години, а на жените – за 1,8 години.
Просечниот животен век на населението во градовите е за 3 години поголем (72,8 години) од оној на луѓето во селата (69,8 години).
Во однос на 2012 година, животниот век на жителите на градовите е намален за 2,1 година, а кај руралното население за 2,2 години.







