Грчева: Ако му се суди на Тони за знамето од Кутлеш, зошто не и за непочитување на законот за знамиња?! – Фб: Ѝ е суди на Македонија!

„Ако на Тони Менкиноски му се суди за знамето од Кутлеш, тогаш зошто не им се суди на сите, кои не го почитуваат Законот за употреба на знамиња и симболи?! Апла не го фермаат со години.“ – напиша на својот фејсбук-профил Солза Грчева, претседателката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка.

Таа реагираше во врска со веста дека во следниот месец јуни во Охрид на обвинителна клупа ќе седне адвокатот Тони Менкиноски, поради поставувањето на македонското знаме со Сонцето од Кутлеш на 27 април годинава во Охрид, што е оквалификувано како „нарушување на јавниот ред и мир“.

Во својата објава Грчева дополнува: Ма ова се марионети. Им ги гледам конците, со кои им ги мрдаат рачињата.

Во реакциите кон нејзината објава, покрај другото, се истакнува:
Ѝ се суди на Македонија, тоа се гледа од високо!;

Во Старата Чаршија во Скопје се веат албански и косовски знамиња и никому ништо.;

А во Тетово, Струга, во Гостивар, таму може нели? Кој ќе одговара за тоа?;

Тужба за сите, што веат туѓо знаме спротивно на законот!;

Измислуваат кривични дела без врска…;

Стана опасно да бидеш патриот и да си ја сакаш државата!