СДСМ се пофали дека партијата ја намалила цената на струјата

Во своето денешно соопштение за јавноста СДСМ тврди дека партијата ја намалила цената на струјата иако сега за разлика од предходните години граѓаните плаќаат многу повисоки сметки за струја.



,,Со одговорни и успешни мерки и политики во енергетиката, СДСМ го зголеми домашното производство на електрична енергија.

Во време на светска енергетска криза, воведовме нов модел на тарифи за потрошена електрична енергија.

Тарифирањето по блокови донесе помали сметки за електрична енергија за најголем број од домаќинствата.

ВМРО-ДПМНЕ за своето владеење, ја зголеми цената на електричната енергија за 100 отсто во време кога во Европа немаше никаква енергетска криза.

Партијата предводена од некогашниот најнеуспешен директор на ЕСМ, Христијан Мицкоски ја укина евтината дневна тарифа на струјата, а денес се противи на нејзино повторно воведување.

Јасна и очигледна е разликата помеѓу домаќинското и одговорно работење на СДСМ и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која секогаш е против интересите на граѓаните”, стои во соопштението на СДСМ.