Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека од Бахмут останало малку и дека градот е речиси целосно уништен.



Запрашан дали се уште е под контрола на Украина, Зеленски рече:

„Мислам дека не е така“. Мора да разберете дека од Бахмут не остана ништо“, уништија се“, додаде Зеленски.

Русија вчера тврдеше дека целосно го освоила уништениот град, што го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна.

„Тоа е трагедија“, рече Зеленски.

Но, портпаролпт на Зеленски сега вели дека Зеленески не рекол дека Бахмут паднал ву руски раце.

Наместо тоа, Зеленски потврди дека градот е целосно уништен, додаде неговиот портпарол. Не станува збор за повлекување на сите украински војници од областа, додаде тој.