Прост прашалник што Агелер ја сведува на ниво на ефтин пропагандист на СДСМ

Деновиве американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за државната информативна агенција МИА изјави дека процесот за коридорите 8 и 10 Д бил транспарентен иако власта го крие договорот.



Иако нејзиниот чекор не е директно поврзан со нејзината изјава, директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска објавува краток прашалник кој целосно ја дискредитира позицијата на американската амбасадорка.

Во прашалникот на најпросто можен начин се утврдува дали договорот со Бехтел и Енка е сомнителен, транспарентен и дали во него има сомнеж за корупција и кражба на народни пари.

Тезата со која Агелер сака да ја одбрани корупцијата на СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците а со која ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ се чини се враќа како политички бумеранг затоа што по изјавата на Агелер се повеќе луѓе се убедени дека договорот со Бехтел и Енка е криминал а амбасадорката го брани криминалот на СДСМ и ДУИ од некакви свои промени.

Прашалникот на Трајковска кој јасно открива дека нешто не е во ред со договорот со Бехтел и Енка:

Многу е едноставно:

1. Дали е договорот со Бехтел и Енка даден на увид на граѓаните на Македонија?! Не!

2. Дали е транспарентен овој процес? Не!
3. Дали знаеме што е потпишано? Не!

4. Дали треба да веруваме на ветувања, уверувања, колнење на база на жими мајка дека се е во ред со договорот… итн?! НЕ!

5. Дали ваквиот нетранспарентен пристап отвора можност за коруптивни активности?! Да!

6. Дали е национален интерес да имаме добро владеење и транспарентност на сите процеси? ДА!

7. Дали се менуваат низа закони со европско знаменце, а не треба така?! Да!

Според Трајкоска не треба никој да ни кажува како да мислиме и да не уверува дека се ќе е ок. Треба самите граѓани да се уверат со свои очи дека процесите се во ред и нема можност македонскиот буџет да е злоупотребен.

,,Се друго не е во ред и никако не е во интерес на оваа држава, оти еден преседан создава пракса која долгорочно може да ни се удри од глава”, заклучува Трајкоска.

Предходно Агелер претрпе страшен дебакл во коментарите на медиуми кои важат за блиски на американската амбасада.

Катастрофални коментари за Агелер во објава на ,,Сакам да кажам”