Се запали автобус кај Пресека – нема повредени


Автобус на Галеб Охрид се запали на превојот Пресека.



Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил.

Од АМСМ известуваат дека од 21:00 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци.

Од противпожарната Кичево интервенираат со две екипи при гасење на опожарен автобус.

Од РЦУК – Охрид известуваат дека нема повредени лица односно автобусот бил без патници.